Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

СДСМ: Мерките на Владата доведоа до едноцифрена инфлација, потврдено и од Светска банка

Економските мерки и политики на Владата предводена од СДСМ за намалување на инфлацијата даваат резултати, што е потврдено и од Светска банка, соопшти СДСМ.

„Светска банка потврди дека владините мерки доведоа до едноцифрена инфлација и очекува инфлацијата да продолжи да се намалува годинава и следната година, додека историски ниското ниво од околу 2% би се постигнало во 2025 година.

На среден рок се предвидува намалување на стапката на сиромаштија, намалување на невработеноста и невработеноста на младите, пораст на платите и пораст на БДП по глава на жител.

СДСМ, како одговорна партија продолжува со мерки и политики за намалување на инфлацијата и за поттикнување на економскиот раст.“ – соопшти СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

ВИКЕНД СО СОНЦЕ И УТРА ДО −3 °C – Од понеделник услови за слаб локален дожд

ДЕСК

Дафина Стојаноска: Извештајот на ЕК годинава е подобар од лани, а Жерновски е човек кој не верува на институциите

ДЕСК

БРИСЕЛ БАРА ВИДЛИВИ РЕЗУЛТАТИ – Рокас го предаде извештајот на ЕК и предупреди на слабостите во борбата против корупцијата

ДЕСК