Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: Изборот е интеграција во ЕУ и подобар животен стандард или изолација и уназадување

Изборот пред државата и граѓаните е интеграција во ЕУ и подобар животен стандард или изолација, стагнација и економско уназадување, соопшти СДСМ.

„Интеграцијата, со членство во ЕУ носи економска стабилност и раст, вклучување во единствениот европски пазар, пристап до голем број бенефиции, фондови и инвестиции од ЕУ за развој на инфраструктурата, земјоделството, образованието, здравството.

Членството во ЕУ води кон посилна демократска стабилност и правна сигурност, кон повисок животен стандард, поголеми плати и пензии.

Во изминатиот период СДСМ неколку пати ја зголеми минималната плата на 21.000 денари, која сега е двојно и повеќе поголема во однос на ДПМНЕ. Просечната плата од 22.000 ја качи на досега историски највисока вредност од 37.000 денари, просечната пензија е за 40 отсто повисока.

Успешните економски политики заедно со интеграциските политики даваат резултат. Со членството во Европската Унија овие економски резултати ќе бидат значително поголеми.
Во првите 5 години од членството работниците ќе имаат повисоки плати од 70 до 100 проценти.

ДПМНЕ со своите неразумни постапки ги блокира европските перспективи на граѓаните, блокира повисок животен стандард, поголеми плати и пензии.

Одлагањето или одбивањето на членство во ЕУ води во меѓународна изолација, економска нестабилност, неспроведување на структруни реформи, масовно иселување на граѓаните, пред се на младите.

СДСМ е посветена на интеграцијата и членството во ЕУ, за подобар живот на граѓаните.

Блокадите на ДПМНЕ мора да бидат поразени.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Евзони денеска повторно затворен поради протест на грчките земјоделци

C +

Денеска дожд, од утре сонце

C +

Македонија нема, не планира и не преговара за отворање мигрантски кампови, порача ВМРО-ДПМНЕ

C +
error: Соддржината е заштитена.