22.8 C
Скопје
27. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Започна изградбата на коридорите 8 и 10д, инвестираме во квалитетна патна мрежа, велат од СДСМ

-СДСМ ивестира во квалитетна, безбедна и модерна патна мрежа во државата, соопшти СДСМ.

„После 30 години чекање и одлагање, започнаа првите градежни активности за изградба на најголемиот инфраструктурен проект – Коридорите 8 и 10д.

Со реализација на инвестицијата од 1,3 милијарди евра Северна Македонија станува главна крстосница на Балканот, поврзана кон запад и исток, со пристаништата во Драч и во Бургас.

Проектот го олеснува движењето на граѓаните, ја зголемува безбедноста на сообраќајот, но и отвора нови работни места и можности за компаниите.

СДСМ гради 110 километри нова, модерна, квалитетна и безбедна патна мрежа, од исклучително економско и геополитичко значење.“ – се вели во соопштението.