Centar.mk
БИЗНИС

Намалување на цените на горивата во Македонија, дизелот поевтинува најмногу

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 1,78% во однос на претходната одлука од 4.5.2026 година.

Според пресметките, на светскиот пазар има намалување на референтните цени кај повеќето деривати: бензините за 0,444%, дизелот за 6,073%, екстра лесното масло за 6,495%, додека кај мазутот има зголемување од 0,791%. Курсот на денарот во однос на доларот бележи пад од 0,1199%.

Од 12.5.2026 година од 00:01 часот, новите максимални цени ќе бидат:

ЕУРОСУПЕР БС-95: 85,00 денари/литар (без промена)
ЕУРОСУПЕР БС-98: 86,50 денари/литар (намалување за 0,50 ден/л)
ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V): 89,50 денари/литар (намалување за 4,00 ден/л)
Екстра лесно масло ЕЛ-1: 94,00 денари/литар (намалување за 4,50 ден/л)
Мазут М-1 НС: 49,968 денари/кг (зголемување за 0,248 ден/кг)

РКЕ посочува дека најголемо намалување има кај дизелот и екстра лесното масло, додека бензините бележат минимални промени или остануваат стабилни./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Почнува Самитот на Македонија2025: Вечерва свечен прием кај претседателката, утре стартува главната програма

C +

Студија на УКИМ: Добивката на ЕВН Македонија е целосно реинвестирана во домашната економија 

C +

Халкбанк ја проширува понудата со услуга за инвестирање на странски пазари

C +