Centar.mk
СВЕТ

Администрацијата на Трамп размислува за укинување на данокот на гориво

Американскиот министер за енергетика Крис Рајт изјави дека администрацијата на Доналд Трамп разгледува можност за привремено укинување на федералниот данок на гориво со цел да се намалат цените на бензинските пумпи.

Според него, Белата куќа анализира повеќе мерки за стабилизација на пазарот, меѓу кои користење на стратешките резерви на нафта, измени на регулативите за летните мешавини на бензин и барање до рафинериите да го скратат одржувањето за да нема прекини во производството.

Рајт рече дека стабилизацијата на цените ќе зависи и од состојбата во Ормускиот теснец, кој Иран практично го затвори по израелско-американските напади во февруари.

Тој претходно изјави дека цените на горивото во САД веројатно нема да паднат под три долари за галон пред 2027 година, што предизвика реакција од Трамп, кој оцени дека таквата прогноза е погрешна./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Унгарија: Нема повеќе уцени со вето во ЕУ

C +

Иран го отфрли планот на САД: Трамп побесне, цените на нафтата веднаш скокнаа

C +

Индискиот премиер до граѓаните: Штедете гориво, работете од дома и не се мажете во странство

C +