Пет астероиди ќе прелетаат покрај Земјата оваа недела, но не се очекува да ја загрозат планетата, објави НАСА.
До 12 септември, еден астероид со големина на куќа, три со големина на авион и еден со големина на автобус ќе помине блиску до Земјата, според контролната табла на НАСА за астероиди.
„Астероидот наречен ЈА5 прелета на половина милион километри од Земјата“, објави НАСА.
JA5, астероидот со големина на куќа, првпат откриен во 2021 година, има дијаметар од приближно 18 метри, пренесува ABC.
Два други астероиди со големина на авион се очекува да прелетаат покрај Земјата на 10 септември.
Астероидот QF6 минува на два милиони километри од планетата, а неговата големина е 20 метри во дијаметар.
QE8 поминува на милион и пол километри од Земјата.
Просечното растојание помеѓу Земјата и Месечината е околу 384.000 километри.
Астероидите не претставуваат закана за Земјата бидејќи ниту еден од нив не е поголем од 150 метри во дијаметар.
Три астероиди поминаа поблиску до Земјата од Месечината во последните 30 дена.
Во изминатите 365 дена, 10 астероиди поминале поблиску до Земјата од Месечината, според НАСА. Контролната табла на Asteroid Watch ги следи кометите и астероидите кои се „релативно блиску до Земјата“, соопшти НАСА.