Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Костадиновска-Стојчевска: Нема ништо да загубиме, остануваме Македонци кои говорат македонски јазик

“Ниедна држава не го загубила идентитетот со тоа што станала членка на ЕУ. Нема ни ние. Нема ништо да загубиме, остануваме Македонци, кои говорат македонски јазик, кои имаат свои културни обележја, бидејќи за културата не се преговара во пристапните преговори” рече министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на трибината „ЕУ за македонското културно наследство“.

Таа додаде дека мисија на ЕУ е да ги заштитува и да ги промовира културните специфичности на секоја држава без да се негираат националните култури и идентитети.

“Европската Унија го поддржува и го поттикнува зачувувањето на македонскиот културен идентитет, а за тоа се доказ европските средства вложени преку многубројните програми за реставрација на значајни културно-историски споменици низ државава” рече Костадиновска-Стојчевска.

Министерката рече дека македонската култура е европска и е додадена вредност на богатството и културната разновидност на заедничкото европско наследство.

Можеби ќе ве интересира

СНЕГ ПОЧНА ДА ВРНЕ НА ОВИЕ МЕСТА ВО МАКЕДОНИЈА: Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК

Ограбена каса со добровилни прилози која била оставена во џамија, полицијата го истражува случајот

ДЕСК

ВРСНИЧКОТО НАСИЛСТВО ЗЕМА ЗАМАВ, ДРАМА ВО ОСНОВНО ШКОЛО: 13 годишна ученичка нападната од четири повозрасни ученички

ДЕСК