Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

271 санкционирани возачи во Скопје, 69 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (22.08.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 271 меркa, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 69 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Изречени се седум мерки за минување на затворен сигнал – црвено светло, 16 санкции за користење на мобилен телефон при возење, девет мерки за некористење на сигурносен појас…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

За осум часа денеска санкционирани 116 мотоциклисти во Скопје, одземени три мотоцикли

ДЕСК

Четврток носи најголема опасност: Невреме со пороен дожд, силен ветер и можен град

ДЕСК

Од Стајковци до болница: Напад со тврд предмет прераснал во пресметка меѓу две групи

ДЕСК