Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

Костовски: Имаме неповторлива шанса, нов договор нема да има

Пратеникот на СДСМ Мартин Костовски на денешната седница на Комисијата за уставни прашања истакна дека ова е првпат нашата иднина да е единствено во наши раце и не смееме сами да ја блокираме нашата иднина и иднината на следните генерации.

– Ние, нашите млади, нашите деца, заслужуваат да живеат во земја членка на ЕУ, тука дома во нашата Северна Македонија. Нема да добиеме подобар договор. Ова е апсолутно најдобриот договор што Македонија можеше да го добие. Затоа повторувам ова е историска шанса која не смееме да ја пропуштиме. Нема ново вето, тоа го кажаа и претставниците на ЕУ но и на Бугарија. Тие очекуваат да се исполнат обврските од преговарачката рамка, а понатаму, сите прашања со Бугарија се билатерални прашања , и се билатерална обрска меѓу Македонија и Бугарија. Тоа е договор меѓу двете земји. Тие нема да влијааат на евроинтеграциите. Бугарија како и секоја друга ЕУ земја членка може да изрази мислење или загриженост за одредени реформи, но тоа ќе се однесува на процесот од реформи, не и на билатералните прашања, кажа Костовски.

Тој додаде дека со уставните измени се отвараат кластерите и поглавјата, а понатамошниот европски пат е отворен и зависи само од нас и од спроведените реформи.

-Скринингот ќе покаже на кое ниво на подготвеност сме и што точно треба да се направи понатаму. Ние сме свои на своето, Македонци кои зборуваат македонски јазик. Членството во ЕУ е клуч за подобра иднина и отвора врата на безброј можности за граѓаните. Тоа е нашата голема идеја, суштината на нашата посветеност, саможртва и го правиме токму за секој еден кој живее во Северна Македонија. СДСМ е политичка партија која не прави компромис со стратешките интереси на државата.Одлуката која е пред нас е тешка, но државничка одлука, која носи прогрес и просперитет. Како владејачко мнозинство не се плашиме од предизвиците кои носат бенефит за граѓаните, тоа многу пати досега на дело го имаме покажано,така ќе биде и сега. Лесно е да велиш дека не го поддржуваш Договорот од Преспа, а да гласаш Северна Македонија да биде членка на НАТО. Лесно е да бојкотираш референдум и да глумиш патриот, а со самото гласање Северна Македонија да биде членка на НАТО директно го прифаќаш референдумското прашање.

Лесно е со шпекулации да будиш чувства кои задираат до секој македонец за македонскиот јазик, а да не дојдеш да гласаш ниту за Договорот со ФРОНТЕКС, прв договор потпишан на македонски јазик со ЕУ. Лесно е со лаги да зборуваш за наводна бугаризација и асимилација а да не дојдеш да гласаш за заклучоците за преговарачката рамка, каде е заштитен целосно македонскиот јазик и македонската посебност во ЕУ или пак да не гласаш за законот за унапредување на македонскиот јазик. Со прст да не мрднеш, а не пак да лобираш или да го поздравиш тоа што Германскиот Бундестаг донесе Резолуција за македонскиот јазик, идентитет и култура., и дополнително тоа да го маргинализираш како небитно исто така е лесно, истакна Костовски.

Тој повтори дека државата мора да оди напред, а неизвесноста да остане зад нас.

-Сите ние пратениците, претставници на народот имаме обврска на прво место да ги ставиме граѓаните, да ги ставиме државните, националните и стратешки интереси. Сите ние благодарни на своите предци за жртвите, херојското минато и посветеноста во нивните заложби за создавање на самостојна и суверена држава Македонија, мора да покажеме одговорност пред иднината на татковината. Имаме неповторлива шанса да го продолжиме европскиот пат и да оствариме уште една стратешка цел: членство во ЕУ до 2030 година, рече Костовски.

Можеби ќе ве интересира

Трагичен крај на потрагата: Пронајдено било телото на 16 годишното девојче кое исчезна во Вардар

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата вечерва?

ДЕСК

МВР демантира написи поврзани со измените на Законот на полиција во кои се тврди дека полицаец осуден за кривични дела нема да се отстрани од работа

ДЕСК