Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

35% од населението е со прекумерна тежина, Алиу кажа дека оваа недела центар за дебелина е отворен и во Охрид

Зголемената телесна тежина претставува сериозен здравствен проблем и има загрижувачки тренд на пораст во светот и кај нас, кој посебно ги засега децата и адолесцентите. Статистичките податоци покажуваат дека во нашата држава преваленцата на обезноста изнесува 30–35 проценти. Во таа насока, е посебно значајно функционирањето на центрите за третман на дебелина на Клиниката за ендокринологија и во ГОБ „8 Септември“. Неделава е во охридската болница е отворен првиот центар за менаџирање на дебелина во југозападниот регион. Станува збор за сериозна хронична болест поврзана со над 200 коморбидитети, вклучително кардиоваскуларни заболувања, дијабетес тип 2 и други состојби и затоа е посебно значаен мултисекторскиот одговор и подигнување на јавната свест за овој глобален предизвик, истакна министерот Азир Алиу во обраќањето на стручниот симпозиум, во организација на научното здружение за обезност ОБЕМ.

На симпозиумот беше потенцирана потребата од подигнување на јавната свест и превентивно делување, како и за значењето на мултисекторската соработка меѓу институциите и невладиниот сектор.

Од Министерството укажуваат дека продолжуваат со мерки за поддршка, вклучително преку активностите од Програмата за обезбедување инсулин, глукагон, инсулински игли, ленти за мерење шеќер, со посебен фокус на едукацијата за третман и контрола на дијабетесот, имајќи предвид дека обезноста е тесно поврзана со дијабетес тип 2./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

62 ЗАГИНАТИ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПАТИШТА ЗА ОСУМ МЕСЕЦИ – Денес се одбележува Светскиот ден на жртвите од сообраќајни несреќи

ДЕСК

НОВИ 30.000 ВАКЦИНИ ПРОТИВ ГРИП ПРИСТИГНУВААТ ВО МАКЕДОНИЈА – Надлежните со апел до граѓаните

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Доста е со лажната загриженост на СДС, бројките и фактите ги рушат лагите на СДС економијата се мери со резултати, не со партиски пароли

ДЕСК