Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Маричиќ: Преговорите со ЕУ се национален интерес, имаме прилика што не смее да ја пропуштиме

Продолжувањето на преговорите со ЕУ е национален интерес, порача вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

-Со седницата на Комисијата за уставни прашања започнуваме дебата за процесот кој ќе биде тест за нашата вистинска заложба за реформи, трансформација на македонското општество и европски животен стандард, напиша Маричиќ на својот фејсбук профил.

Според него, гласањето на уставните амандмани од една страна значи забрзано продолжување на реформите и впишување на Северна Македонија во новиот пакет за проширување на ЕУ, а од друга страна значи зајакнување на мултикултурниот карактер на македонското општество.

-Впишувањето на Хрватите, Црногорците, Словенците, Бугарите, Египќаните и Евреите во Уставот и дополнување на Преамбулата во низата на веќе набројаните етнички заедници, наши сограѓани. Веќе впишаните етнички заедници не направиле никаква штета ниту имале последица на нашиот македонски јазик и идентитет, така и додавањето на нови етнички заедници нема да има никаков ризик по нашиот јазик и идентитет. Имаме прилика за членство во ЕУ кога не смееме да ја пропуштиме. Ги правиме уставните измени за впишување на Северна Македонија во новите граници на ЕУ. Граѓаните очекуваат од сите нас да делуваме заеднички мудро, државнички и одговорно кога станува збор за нивната иднина и иднината на државата, смета Маричиќ.

Можеби ќе ве интересира

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +

Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ – „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира 

C +

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +