Centar.mk
НАУКА

Мразот на Арктикот на историски минимум

Површината на мразот во арктичките мориња оваа зима достигнала само 14,29 милиони квадратни километри – најниско ниво досега, покажуваат податоци на американскиот Национален центар за снег и лед, пренесе Шпигел.

Тоа е за 1,3 милиони квадратни километри помалку од просекот во периодот 1981–2010, површина приближна на Перу.

Постепено топење без пресврт

„Како што температурите растат, особено во поларните региони, шансите за формирање мраз се намалуваат“, изјави научникот Волтер Мајер.

Тој предупредува дека не се очекува нагол пресврт, туку постепено намалување на мразот.

Мразот како „климатски фрижидер“

Арктичкиот мраз игра клучна улога за климата бидејќи ја одбива сончевата светлина. Без него, океаните апсорбираат повеќе топлина, што дополнително го забрзува затоплувањето.

Најтоплата деценија и рекордни стакленички гасови

Според податоците на Светската метеоролошка организација, периодот 2015–2025 е најтопол досега.

Концентрацијата на стакленички гасови достигнала ниво невидено најмалку 800.000 години, што го отежнува ладењето на планетата.

Забрзано загревање и климатски ризици

Загревањето на океаните значително се забрзало во последните децении.

Истражувањата покажуваат дека и пораст од 2 степени може да предизвика екстремни последици – суши и обилни врнежи.

Нови рути и геополитички интерес

Намалувањето на мразот отвора нови поморски патишта, што е една од причините за зголемениот интерес за Гренланд./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

25,5 МИЛИОНИ МОЗОЧНИ КЛЕТКИ ПОД ЛУПА – Научниците направија огромна мапа на мозокот

ДЕСК

ОЗОНСКАТА ДУПКА МЕЃУ СЕДУМТЕ НАЈГОЛЕМИ ДОСЕГА – НАСА ги објави податоците за 2026 година

ДЕСК

ПО РЕЧИСИ 22 ГОДИНИ ЗАВРШИ МИСИЈАТА „SWIFT“ – Сателитот на НАСА повторно влезе во атмосферата

ДЕСК