Centar.mk
ЛОКАЛНОвест

Во која дива депонија се кријат „Зелен хуман град“?

Седум дена на Скопје му се случува еколошка катастрофа со несобрано ѓубре и диви депонии.

Ако се сеќавате, пред локалните избори во Скопје имаше едни активисти што се кандидираа како екологисти и се нарекуваа „Зелен хуман град“ и ветуваа сенешто.

Отидов на фејсбук страницата на „Зелен хуман град“ да видам дали имаат некаква реакција за еколошката катастрофа во Скопје. Нема никаква реакција!

Пребарав на time.mk и grid.mk „зелен хуман град“ – нема никаква нивна изјава во медиумите последнава седмица!

Па, еве, јавно ги прашувам сите што ми се нафрлија кога во колумни и на фејсбук предупредував дека станува збор за лажни екологисти и за „гринвошинг“: Во која дива депонија се кријат сега „Зелен хуман град“, кои ги поддржаа политичарите одговорни за оваа еколошка катастрофа?

Жарко Трајаноски

извор СмК.мк

Можеби ќе ве интересира

Младински политики по мерка на младите

ДЕСК

Општина Битола распиша конкурс за избор на идејно урбанистичко – архитектонско решение за спортско рекреативна зона – АРМ – Битола

ДЕСК

Завршија градежните работи на централната кујна при ЈОУДГ „Гоце Делчев“ во Општина Илинден

ДЕСК