17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА ГРУПАТА ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО НА ПАРЛАМЕНТОТ НА АВСТРАЛИЈА. ФЕРНАНДО

Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Интерпарламентарната унија (ИПУ), предводена од шефот на Делегацијата, Талат Џафери, претседател на Собранието на Република Северна Македонија, заедно со членовите на делегацијата, Јован Митрески, Арбер Адеми, Никола Мицевски, Атнан Незири, Диме Велковски, Ели Панова и генералната секретарка на Собранието, Цветанка Иванова, денеска остварија средба со Касандра Фернандо, претседателка на Групата за пријателство со Собранието на Република Северна Македонија на Парламентот на Австралија.
На средбата Џафери истакна дека географската оддалеченост не е пречка за развој на добри и пријателски односи меѓу двете држави, имајќи предвид дека делиме исти демократски вредности. Тој додаде дека Собранието секогаш формира Група за соработка со Парламентот на Австралија.
Пратеничката Фернандо рече дека Австралија и Северна Македонија имаат пријателски односи и врски, кои го надминуваат дипломатскиот аспект.
Беше потенцирано дека дијаспората од Северна Македонија, петта најбројна не-азиска дијаспора во Австралија, може да претставува мост на поголемо поврзување меѓу граѓаните во нашите далечни држави, а честите посети на пратениците од Австралија претставуваат потврда за добрите меѓусебни односи.

Се истакна дека нашата земја ја осудува руската агресија и дека сме вклучени во процесот на поддршка на Украина.

Пратениците ја информираа гостинката за текот на интеграцискиот процес во ЕУ, при што ја информираа дека сме пред крајот на скрининг процесот и започнувањето на уставните измени.