Centar.mk
ЛОКАЛНОвест

796 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (09.07.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 796 возачи. Од нив 19 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 402 возило ја пречекорило брзината во населено место, а 394 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: На Водно ја продолжуваме традицијата, бадниковите гранчиња нека донесат здравје, среќа и благосостојба

ДЕСК

Во Домот на култура „Илинден“ отворена изложбата „Кон светлината“ на Новица Трајковски

ДЕСК

СДСМ со конкретни мерки за загадениот воздух: Бесплатен превоз, пари за филтри, еколошко греење, чистење

ДЕСК