Centar.mk
вестЛОКАЛНО

Важна вест за скопјани: Посебен режим на сообраќај утре

Посебен режим на сообраќај во четврток (06.07.2023) во Скопје

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје дека на 06.07.2023 (четврток), поради официјална посета на нашата држава на претседателот на Владата на Р.Албанија, Н.Е. Еди Рама, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе се воведе посебен режим на сообраќај. Имено, за сообраќај ќе бидат затворени следните сообраќајници: бул.„Александар Македонски“, ул.„Беласица“, бул.„Гоце Делчев“, бул.„Климент Охридски“, ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, дел од ул.„Франклин Рузвелт“ и ул.„Орце Николов“. Од тие причини, Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници, со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.

Можеби ќе ве интересира

Ѓорѓиевски: Голем инвестициски бран во Скопје, проектот Лимак за намалување на сообраќајниот метеж, две нови училишта и противпожарна станица

ДЕСК

Герасимовски: Санација на покривот на „Димитар Миладинов“, се решава долгогодишниот проблем со протекување во училиштето

ДЕСК

Ѓорѓиевски: За Скопје во кое секој безбедно се враќа дома

ДЕСК