22. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестИЗБОРМАКЕДОНИЈА

На колку години, за колку пари и бил ли директор на ЕЛЕМ кога ја направи првата негова хидроцентрала го праша Јакимовски – Мицкоски

Градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски предпладнето на прес пред портите на „белата палата“ партиско седиште на ВМРО ДПМНЕ му се обрати на лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за кој рече дека единственото прашање кое го посочува деновиве тој и неговите сопартијци е како на господинот Али Ахмети внукот на 25 години стекнал толку големо богатство како што е дел од сопственоста во трговскиот центар Соравија.

Прашањето е сосема легитимно,тоа младо момче да објасни како стекнал милионски имот но имам и јас прашање за господинот Мицковски, едно е и директно е и челам одговор,рече градоначалникот на Карпош и лидер на ГРОМ.

-Мицкоски да каже на колку години ја направил својата првата хидроцентрала и се стекнал со милионски имот и дали ја стекнал пред или за време на неговото директорување со ЕЛЕМ – изјави Јакимовски.

„Јакимовски забележува дека тој како директор на ЕЛЕМ требало да гради хидроцентрали кои ќе бидат во државна соспственост а не во негова лична сопственост како што направил Мицковски кој денеска заедно со сопартијците постојано обвинуваат луѓе од спротивните политички табори за криминал и дека биле урбана мафија.

Легитимно е на овој народ Мицковски да му каже дали бил директор на ЕЛЕМ кога за себе а не за државата си ја изградил првата хидроцентрала и на колку години и со колку пари ја стекнал таа милионска иинвестиција,изјави Јакимовски додавајќи дека народот требе да знае не само за актуелниот Дрим Ахмети туку и за тој кој претендира да ја води државата сега опозицискиот лидер Мицковски.

Извор Либертас

Можеби ќе ве интересира

Службеник од општина Шуто Оризари присвоил од општинскиот буџет 3.600.000 денари

ДЕСК

Средба Божиновска со новоименуваниот економски аташе на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија

ДЕСК

Културата е во најлоша состојба досега, тоа е резултатот на Љутков и ВМРО-ДПМНЕ

ДЕСК