Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

Иванов: Поентата е изместена, наместо за Бугарите во Уставот треба да зборуваме за отворањето на кластерите

Нашиот евроинтеграциски процес е запрен и на некој начин е замрзнат поради инаетот на ВМРО-ДПМНЕ, рече новинарот Зоран Иванов на трибината „Уставни измени – Исток или Запад“ во организација на Цивил.

-На што ВМРО-ДПМНЕ ја темели својата упорност? Тоа е поради истражувањата на јавното мислење и каде претпоставувам дека се автентични резултатите дека мнозинството од народот се против уставните промени поради т.н. бугарски диктат, иако не сум сигурен дека и самите знаат да објаснат што е тоа бугарски диктат, рече Иванов.

Тој додаде дека друг правец немаме, а на целиот процес опозицијата успеала да фрли магла во јавноста.

-Се сведоа на две главни прашања – „дајте ни ја власта, ние ќе го решиме ова, но не кажуваме како“ и „зошто сега Македонија е толку настроена против отворањето на поглавјата и Бугарите да влезат во Уставот“. Прво, медиумите и особено националните телевизии имаат придонес. Ние не успеавме да ја објасниме рамката и медиумите се водат од партиската теза за „не Бугарите во Устав“, а всушност поентата е „отворање на првиот кластер во ноември“. Тука поентата е изместена. Зборуваме за Бугарите во Устав, а не за преговорите, вели Иванов.

Можеби ќе ве интересира

ЛИЦА ВО АЛКОХОЛИЗИРАНА СОСТОЈБА НАПАДНАЛЕ ПОЛИЦАЈЦИ ВО КАРПОШ ПРИ КОНТРОЛА НА НОЌНИ КЛУБОВИ: Жестока реакција на Независниот синдикат на полицијата

ДЕСК

Полицијата упадна во повеќе кафичи и казина во Карпош – Има приведени и уапсени

ДЕСК

Обвинителството апелира: Да се избегнат шпекулации за предметите од трагедијата во „Пулс“

ДЕСК