Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

199 санкционирани возачи во Скопје, 67 за брзо возење

На територија на град Скопје вчера биле изречени вкупно 199 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 67 санкции, 22 мерки за возење без возачка дозвола, 33 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Изречени биле и шест мерки за користење мобилен телефон при возење, 14 санкции за возење под дејство на алкохол, пет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест санкции за нерегистрирани возила.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ВЕНЧАВААТ ПОДОЦНА, СЕ РАЗВЕДУВААТ ПОЧЕСТО: Новите бројки ја откриваат брачната состојба во Македонија

ДЕСК

НЕМИР ВО ПРИЛЕП: Татко пријавил дека неговата ќерка била физички нападната

ДЕСК

Николоски: Набавуваме нови 49 возила и опрема за одржување на хигиената низ општините, најголема поддршка од Владата до сега

ДЕСК