Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведен дрвокрадец во скопско, сакал да и побегне на полицијата

Вчера во 15.15 часот во населба Драчево во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Драчево го лишиле од слобода И.Ш.(29) од с.Елово, скопско.

Околу 11.00 часот во атар на с.Елово тој бил затекнат при сеча на огревно дрво со моторна пила, а откако ги забележал полициските службеници побегнал.

Дрвата и пилата биле одземени и предадени на Шумска полиција, а по преземени мерки И.Ш. бил пронајден и лишен од слобода.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.

Можеби ќе ве интересира

СОНЦЕ ЗА ВИКЕНДОТ, НО УТРА ДО −3 °C – На почетокот на следната седмица услови за слаб дожд

ДЕСК

ТРИ НЕСРЕЌИ СО ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ВО СКОПЈЕ – Меѓу настраданите и шестгодишно дете

ДЕСК

ГРАЃАНИТЕ МОЖАТ ДА ПРЕДЛОЖАТ РЕВИЗИИ – ДЗР прима иницијативи до 1 декември

ДЕСК