15. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

Обраќање на претседателот Пендаровски пред белгиските стопанственици во Агенцијата за инвестиции и трговија на Фландрија (ФИТ) во Брисел

Претседателот Стево Пендаровски во рамки на работната посета на Кралството Белгија, денеска во Брисел се обрати пред белгиски стопанственици во Агенцијата за инвестиции и трговија на Фландрија (ФИТ), каде што беше одржана презентација на економските потенцијали и инвестициските можности во Северна Македонија.

Претседателот Пендаровски ја изрази својата поддршка за унапредување на економската соработка меѓу македонските и белгиските компании, потенцирајќи дека од интензивирањето на контактите и реализацијата на бизнис проектите, полза ќе имаат не само стопанствениците, туку и нашите граѓани.

„Република Северна Македонија изминатите десеттина години направи многу во делот на привлекување странски инвестиции, а самото присуство на бројни компании од САД, Германија, Обединетото Кралство, Франција или Белгија само го потврдува квалитетот на македонскиот инвестициски модел“, истакна претседателот Пендаровски во обраќањето.

Во оваа прилика, претседателот се заблагодари за континуираната поддршка од белгиската влада на македонските евроинтеграции, изразувајќи уверување дека преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ, позитивно ќе влијаат на севкупните билатерални односи со Белгија.

„Во моментов се одвива скрининг процесот, кој очекуваме да биде комплетиран до крајот на годината. Паралелно со овој процес, правиме големи напори, посебно во делот на владеењето на правото и борбата против корупцијата, за создавање на уште подобар бизнис амбиент, поповолен и предвидлив за сите идни инвеститори“, истакна во обраќањето претседателот Пендаровски.

На презентацијата, на која се обратија министерот за економија, Крешник Бектеши, директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Јован Деспотовски и претставници на компаниите Avesta Battery & Energy Engineering и WB&E Metal, беа споделени искуствата на белгиски компании, коишто инвестирале во нашата земја.

На настанот, поддржан од Агенцијата за извоз и странски инвестиции на Валонија (AWEX) и Бриселската агенција за поддршка на бизнисот, ХАБ Брисел, присуствуваа дваесетина белгиски компании.

Видео-материјал:
Инсерти – https://youtu.be/lmD_9D6oDzQ

Можеби ќе ве интересира

Мобилните царински тимови со 199 случаи на заплени во 2025 – Трикратно зголемен број на откриени прекршочни и кривични дела

ДЕСК

Нова дигитална платформа за поврзување на МВР и Службен весник за побрзо објавување на изгубени лични документи и вадење нови

ДЕСК

Мицкоски: Капацитетите на Армијата се зголемуваат – нови 29 оклопни возила од САД

ДЕСК