УКИМ да остане македонската научна ризница и стожер на македонскиот развој, вели за Нова Македонија, Проф. д-р Атанас Кочов, кандидат за ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.
– Поттикнат од актуелната состојба на нашиот УКИМ, која заедно ја живееме и ја споделуваме, соочувајќи се со досега најголем пад на Шангајската листа, најнизок стандард на сите вработени, неопремени лаборатории, драстично намалување на бројот на студенти на УКИМ, одлив на млади и успешни кадри на странски универзитети, одлучив да поднесам пријава за изборниот циклус за позиција ректор во мандатниот период 2023-2026 година.
Сметам дека како ректор, заедно со целата академска заедница на УКИМ, сите заедно, како мотивиран тим, ќе се избориме нашиот УКИМ да биде еден и единствен стожер на нашата Македонија, да остане традиција и ризница на научната и академска елита, да биде столбот на високото образование, да биде мостот за инклузивен и одржлив развој, да создава успешни генерации студенти што ќе се гордеат со универзитетот на кој го стекнале своето образование. Потребно е заедно да се избориме да создадеме добри услови за да ги задржиме најуспешните млади кадри и да воспоставиме цврсти темели на соработка со сите стопански и општествени сектори за успешен општествено-економски развој на Македонија.
Мојата визија за УКИМ се темели на идејата за современ, отворен и истражувачки универзитет способен за справување со предизвиците во периодот што е пред нас.
Повеќе информации за мојата визија, мото и приоритети за работа како ректор, за професионалните достигнувања и приватниот живот, можете да најдете на мојата интернет-страница.
Отсекогаш се водам со девизата дека УКИМ бил и секогаш ќе биде наш, еден и единствен дом. Сите заедно, можеме многу повеќе за нашиот УКИМ, вели за Нова Македонија,Проф. д-р Атанас Кочов, кандидат за ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.
Целото интервју прочитајте го на следниот линк.