Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Лукаревска: Разговори за уставните измени има со сите, прогресивните сили ќе победат

Заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска во емисијата „Трилинг“ кажа дека власта разговара со сите политички чинители во рамки на Парламентот со цел да се поддржат уставните измени и да продолжи европскиот пат на земјата.

-Прогресивните сили мора да победат, кажа Лукаревска, додавајќи дека СДСМ е државотворна партија која често била исправена пред носење исправни и државнички одлуки.

Одговарајќи на новинарско прашање таа истакна дека предвремени парламентарни избори нема да има, туку дека тие ќе се одржат во редовниот термин во 2024 година. Лукаревска додаде дека постои одлична соработка во владината коалиција, а се осврна и на партиските активности.

-СДСМ е меѓу граѓаните на терен, за да ги чуеме забелешките на граѓаните. Од она што можев да го чујам, можам да заклучам дека СДСМ е на прав пат, имаме грешки, но не сме на лош пат, истакна Лукаревска.

Можеби ќе ве интересира

Истрага за убиство на свиреп начин во кумановско, се испитува поврзаност и со други случаи

C +

Кузеска: Парите што ги планираа за нов авион Владата да ги пренамени за минимална плата од 600 евра

C +

Тошковски за „Клик Плус“ на ТВ 21: Докажавме дека со системот Безбеден град можеме европска вредноста да реализираме во Македонија, во фаза на имплементација е паметен зелен бран на скопските булевари

C +