30.8 C
Скопје
13. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Лукаревска: Кај граѓанската обврзница каматата ќе биде повисока отколку кај депозитите во банките

Новата граѓанска обврзница е нов финансиски инструмент за да може да ги зајакне економските текови во државата и ќе им помогне значително на граѓаните, кажа директорката на УЈП, Сања Лукаревска во гостувањето во „Трилинг“. Таа додаде дека оваа мерка е предвидена во планот за забрзан раст, но воедно граѓанската обврзница е предвидена и за буџетот за 2023 година.

-Условите се веќе познати, тоа се рочност во период од две години, минималниот износ да е десет илјади денари и во буџетот ќе можат да се инкасираат околу 50 милиони евра, рече Лукаревска.

Таа појасни дека каматата ќе биде повисока отколку кај депозитите во банките, а пониска доколку државата се задолжи во странство.

-Државата добива слевање на приходи во рамки на буџетот, но тоа не значи дека сме имале слаба наплата или билдаме одредени други празни дупки. Ова е една олеснителна околност, а секако по првото испорачување ќе видиме каков ќе биде ефектот, кажа Лукаревска.