Centar.mk
ЛОКАЛНОвест

Јанчева: Сведочиме за заробен и блокиран град, се надевам Скопје нема да стане и колабиран и банкротиран град

„Кога се подготвував за денешнава емисија се сетив на моето претходно гостување кога реков дека сведочиме за заробен град. Сега ќе додадам дека сведочиме и за блокиран град, а не би сакала да треба да сведочам и за колабиран или банкротиран град“ изјави Љубица Јанчева, советничка во Град Скопје од СДСМ во „Вин-вин“ на Телма.

Таа додаде дека тие како опозиција во Советот на Град Скопје се тука за да бидат коректор на тоа што е ветено.

„Ние не гласавме за буџетот, но програмата за урбанизам треба да се донесе поради тоа што во неа се содржани извесен број измени со кои ќе се продолжи експропријацијата за мостот Михајло Апостолски. Од тие причини е потребна консолидација на советот и таквите одлуки да се донесат“ рече Јанчева.

Советничката во Град Скопје додаде дека јасен факт е чија е градоначалничката на Скопје и чие е мнозинството во Град Скопје.

„За разлика од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, јас не сум била со Данела на ти, таа не беше наш кандидат. Ние на последните локални избори имавме свој кандидат. Поддршката ја баравме за друг кандидат и гласавме за друга програма“ рече Јанчева.

Можеби ќе ве интересира

Изминатата седница санкционирани 123 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар

ДЕСК

Зоолошката градина во Скопје ќе стане водечки центар за едукација, заштита на природата и хуман третман на животните

ДЕСК

СВР Охрид во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници ги интензивира превентивните активности насочени пред се кон младата полулација

ДЕСК