25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Каевски: ВМРО-ДПМНЕ прави се за да го сопре напредокот и да не се гради ништо, но нема да им успее

„ВМРО-ДПМНЕ во целиот изминат период, не само за проектот за коридорите 8 и 10д има иста реторика и прави се за да опструира и блокира. Нивната интенција е да не се гради ништо и да нема напредок, како што гледавме 11 години стагнација“ изјави пратеникот од СДСМ, Дарко Каевски во „24 анализа“ на ТВ24.

Тој рече дека ВМРО-ДПМНЕ со ширење лаги и дезинформации и фаќање за ситници блокира се што е во интерес на државата и носи прогрес, но додаде дека пратениците од владејачкото мнозинство нема да го дозволат тоа.

„И покрај се, да бидат уверени дека интереснот на државата, прогресот и напредокот нема да може да го сопрат. Ние како пратеници нема да дозволиме ВМРО-ДПМНЕ да застане на патот на важни проекти“ рече Каевски.

Пратеникот додаде дека коридорите 8 и 10д се важни проекти за државата, за што сведочи и фактот дека поголемиот број од пратениците и од ВМРО-ДПМНЕ гласаа за специјалниот закон за изградба на овие коридори во 2021 година.