24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Имаме највисоко ниво на странски инвестиции во историјата и успешно ја изменаџиравме енергетската криза

Минатата година беше година на најголема инвестициска потрошувачка во државата, 465 милиони евра, информира премиерот Димитар Ковачевски во „Само интервју“. Тој додаде дека овие 465 милиони евра доведуваат до бројка која е двојно повисока од инвестициите во најпопуларната 2014 година.

-Значи дека и сме инвестирале највеќе во историјата на државата, имаме најголемо ниво на странски директни инвестиции откако постоиме, 650 милиони евра, најголем број на вработени во странските зони, најголема поддршка на компаниите за поддршка на инвестициите во државата, 410 компании беа поддржани во време на најголема економска криза и дополнително да не заборавиме во текот на целата година Владата субвенционираше 80% од цената на електрична енергија која што ја добиваат граѓаните, што значи доколку не беа субвенциите од страна на граѓаните, рече Ковачевски.

Тој додаде дека имаме 50% зголемено производство на енергија преку ЕСМ и тие испорачале 100% домашна електрична енергија за потребите на граѓаните и за потребите на малите потрошувачи, што се 72 илјади компании кои што вработуваат 98% од работниците.

-Она што можеше да се направи пред 10 години а не беше направено се направи вчера, се отвори македонска берза за електрична енергија и денес почнува тргувањето, ден одма бидејќи недостатоците на електрична енергија која што ја купуваа нашите компании преку трговци нормално, се купуваа со цени на Хупекс берзата и на .. кои што се просечна цена под потрошувачката во законско европските држави, сега ден од напред ќе може да нарачуваат електрична енергија се надевам дека таа берза ќе биде ликвидна, дека производителите на електрична енергија ќе учествуваат на неа, еве гледам денеска дека веќе некои се пофалија колку имаат истргувано, сега ќе можат врз основа на побарувачка и понуда на нашиот пазар да купуваат цена на електрична енергија, кажа премиерот и заклучи дека кризата е успешно изменаџирана.