Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Затајувале данок и ја оштетиле државата – кривична против едно физичко и едно правно лице од Гостивар

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривична пријава против едно физичко и едно правно лице поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело даночно затајување од член 279 ст. 2 и ст. 3 од Кривичниот законик.

Првопријавеното физичко лице во својство на сопственик и управител на вторoпријавениот правен субјект „Расим транс“ ДООЕЛ Гостивар, со намера да стекне противправна имотна корист за себе и за пријавениот правен субјект во периодот од 2020-2022 година, во име на пријавениот правен субјект издал фактури по основ на кои остварил приходи во вкупен износ од 40.195.194 денари, кои не ги пријавил и не ги прикажал во задолжителни даночни биланси и ДДВ-пријави.

Дополнително, првопријавеното физичко лице, во периодот од 2017-2019 година, присвоило парични средства подигнати од банкарската сметка на пријавениот правен субјект на име материјални трошоци во вкупен износ од 30.199.795 денари за кои во сметководствената евиденција на пријавениот правен субјект како доказ за нивната економска оправданост доставил фискални сметки за набавка на гориво издадени од страна на бензински пумпи, кое не е употребено за стопанските цели на пријавениот правен субјект и тие како даночно непризнати расходи не ги внел во задолжителните даночни биланси.

Врз основа на некои од нив ја намалил обврската за ДДВ на пријавениот правен субјект и на тој начин пријавените предизвикале штета на буџетот на Република Северна Македонија во вкупен износ од 16.754.054 денари по основ на ДДВ, данок на добивка и данок на личен доход.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ за извештајот на Вајц: Реформи нема, а јазикот, културата и идентитетот не смеат да бидат доведувани во прашање

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Миленикот на Заев, Богоев местел тендер во Царина вреден 300 илјади евра и побарал мито од 2.000 евра

ДЕСК

Алиу во Рига: Малите земји можат да бидат лидери во дигитални решенија во здравствените системи

ДЕСК