9. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСИЗБОРвест

Толку е: Власта спрема измени со кои финансиските друштва нема да смеат да наплаќаат астрономски провизии

Владејачкото мнозинство ги подготвува измените на Законот за финансиски друштва кои наскоро ќе се најдат пред пратениците, а со кои ќе се ограничи можноста трошоците за користење на нивните услуги да достигнат астрономски размери.

Ставаме крај на високите камати и профит од камати, законски измени по скратена постапка, порача Јован Митрески, пратеник од СДСМ, кој денес во образложение на потребата од носење на измените и дополнувањата на Законот за облигациони односи истакна дека кончено ќе се стави крај на огромните камати и профитите од нив, со што ќе се заштитат граѓаните.

Според Митрески со овој закон значи крај на огромните камати и огромните профити од камати. Се предвидува кога каматата ќе ја достигне висината на главниот долг, таа да престане да тече, односно да престане да се пресметува. Или, ако главниот долгот е 500 денари, каматата, максималната камата да биде 500 мкд.

– Со ова прекинуваме една пракса, граѓаните да праќаат камати кои се и десет пати повисоки од основниот долг. Дополнително, со предложените измени предвидуваме скратување на рокот за застарување, од 10 на пет години од правосилноста на одлуката, рече од собраниската говорница пратеникот Митрески.

Митрески соопшти дека наскоро ќе следуваат измени и на Законот за финансиски друштва, што ќе ги ограничи трошоците што граѓаните ги имаат при користење на таканаречените брзи кредити.

Митрески посочи дека за овој проблем се запознаени пратениците, запознаен е народниот правобранител и побара поддршка од сите пратеници за носење на законските измени.

Можеби ќе ве интересира

Поскапеа цигарите, поскапуваат пратките од Тему и Али Експрес, а цените во маркетите — до плафон

ДЕСК

Колку ќе чини доларот, а колку еврото во петок? Курсна листа за 10-ти октомври 2025

ДЕСК

Министерството за финансии потврди дека ќе се оданочуваат и малите пратки до 22 евра – Законски измени за ДДВ во насока на поддршка на домашната економија и компаниите

ДЕСК