Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

Заев за грчки весник: Не постои политичка сила која може да ги наруши добрите односи меѓу Северна Македонија и Грција

„Нема доволно силна и бројна политичка опција која може да ги наруши пријателските односи меѓу државите Северна Македонија и Грција и меѓу граѓаните на овие две држави“ вели експремиерот Зоран Заев во изјава за грчкиот весник „Efsyn“.

Тој додава дека постојат радикални политички групи кои имаат анти-зпаадни наративи, но нашите институции и општества нема да дозволат тие да ја загрозат иднината.

„Затоа е важно да ги поддржуваме сите иницијативи кои овозможуваат поврзување и соработка меѓу државите и граѓаните, за екстремните гласови да останат изолирани од двете страни“ смета Заев.

Според експремиерот двете држави и граѓаните во двете држави денес градат пријателства и добрососедство, за разлика од тоа што се случуваше од 1991 до 2018.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски на самитот на ЕПП: Одлична можност за продлабочување на партнерствата и за зајакнување на улогата на нашата земја во европските процеси

C +

Алиу: Македонија високо рангирана на глобално ниво во намалување на неонатална смртност

C +

Синоптичарите излегоа со прогноза – какво време да очекуваме?

ДЕСК