Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

ВМРО-ДПМНЕ бара начин како да се вклучи во уставните измени – промена на државниот грб понудено како компромис

Откако првично одбија да учествуваат во работната група која работи на уставните измени за внесување на Бугарите, Хрватите и Црногорците во Уставот, ВМРО-ДПМНЕ преку медиумите дава предлози и се обидува да се вклучи во процесот за измените.

Последно во ваквата низа е предлогот на универзитетскиот професор и експратеник од оваа партија, Александар Спасеновски, кој во изјава за Сител рече дека опозицијата би можела да биде премислена дококлу останатите партии направат отстапка и го поддржат предлогот за промена на државниот грб.

Како компромисно решение тој побара да се поддржи предлогот на владата на Никола Груевски од 2014 година за грб со црвен лав на жолта позадина и пет кули. Според Спасеновски, овој предлог тогаш бил поддржан и од партијата ДУИ, па сега останува на Владата да направи отстапка по која опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе обезбеди согласност за текстот на уставните измени.

ВМРО-ДПМНЕ како партија одби да учествува во работната група за уставните измени, но ова е втор обид на партијата или нејзини претставници да даваат предлози кои за нив би биле прифатливи и можност за нивна поддршка на уставните измени со цел продолжување на преговорите со ЕУ.

Претходно, партијата го предложи хрватскиот модел на внесување на заедниците во нивната Преамбула на Уставот, како модел со кој тие би го поддржале внесувањето на Бугарите во Уставот.

Од Владата неколку пати ги повикаа претставниците на ВМРО-ДПМНЕ, наместо по медиуми и со соопштенија, предлозите, идеите и забелешките за уставните измени да ги даваат во работната група, каде што ќе може претставниците на партиите и експертите заеднички да дојдат до решение, кое потоа ќе биде презентирано пред пратениците.

Можеби ќе ве интересира

ЦИКЛОН НОСИ ОБИЛНИ ВРНЕЖИ НА ДОЖД, ВО ДЕЛОВИ ОД МАКЕДОНИЈА ЌЕ ТРУПА СНЕГ: Синоптичарите објавија изненадувачка четириденевна прогноза

ДЕСК

Мицкоски: АД ЕСМ ги задоволува потребите на граѓаните и конзумот и продаваат струја навечер со што имаме дополнителни приходи од страна на потрошувачите

ДЕСК

Димитриеска-Кочоска: И покрај предизвиците и притисокот во Буџетот, Владата внимателно и навремено презема мерки и одлучува во интерес на граѓаните и бизнисот

ДЕСК