22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈА

Синоптичарите ја објавија најновата прогноза за до крајот на неделата – Следува драстична промена на времето

Синоптичарите ја објавија најновата прогноза. Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, денес ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (локално над 70км/час). Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во вечерните часови ветерот ќе го промени правецот во северен, што ќе услови брзо опаѓање на температурите, поради што на планините и на некои повисоки места врнежите ќе преминуваат во снег.

Утре ќе биде ветровито и студено со значително пониски дневни температури. Ќе дува силен северен ветер, наместа со брзина и над 80 км/час. На планините повремено ќе провејува снег.

Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.

Прогноза за 29.03.2023
Минимална температура: -6°C до 2°C
Максимална температура: 6°C до 14°C

Утрото студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Прогноза за 30.03.2023
Минимална температура: -6°C до 1°C
Максимална температура: 11°C до 18°C

Утрото студено, преку денот сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.

Прогноза за 31.03.2023
Минимална температура: 2°C до 7°C
Максимална температура: 15°C до 22°C

Променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец.