Centar.mk
МЕТЕОТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Времето се менува – Синоптичарите објавија четиридневна прогноза

До понеделник дневните температури ќе бидат релативно високи, освен во сабота кога во северните делови ќе биде малку посвежо и ќе има преодно наоблачување со услови за појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.

Од понеделник ќе има зголемена облачност и врнежи од дожд, повремено поинтензивни, со засилен најпрвин јужен ветер, а потоа со северен ветер кој ќе дува неколку дена и кој ќе донесе значително опаѓање на температурата.

Прогноза за 25.03.2023
Минимална температура: 2°C до 9°C
Максимална температура: 18°C до 24°C

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Попладне и кон крајот на денот ќе има услови за локален краткотрајно пороен дожд и ретки грмежи.

Прогноза за 26.03.2023
Минимална температура: 3°C до 8°C
Максимална температура: 17°C до 23°C

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Прогноза за 27.03.2023
Минимална температура: 4°C до 10°C
Максимална температура: 13°C до 19°C

Умерено до значително облачно со повремени врнежи, пообилни попладне и во вечерните часови и проследени со грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец кој преку ноќта ќе премине во северен.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Имаме стабилни резерви, дополнително го намаливме ДДВ за горивата од 18 на 10%

ДЕСК

„Се намалува ДДВ-то на горивата од 18% на 10%, се заштедуваат отприлика околу 200 илјади евра на ден“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

C +

ВМРО вели дека граѓаните станале милионери по намалувањето на ДДВ на горивата, возвратија од СДСМ

ДЕСК