Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО вели дека граѓаните станале милионери по намалувањето на ДДВ на горивата, возвратија од СДСМ

СДСМ излезе со реакција на соопштението на ВМРО ДПМНЕ, која ја пренесуваме во целост:

„Граѓаните заштедуваат околу милион и пол илјади евра“ вели ВМРО.

Прво, насловот покажува дека се неписмени. Правилната формулација е: „милион и петстотини илјади евра“.

Сите граѓани треба да купат нови паричници – во старите овие суми не ги собираат.

Поголем фрижидер, а може и нов автомобил, сега кога се воведени мерки за „намалување“ на цените со покачување од 4-6 денари или над 25 денари.

Во ВМРО велат дека се штедат 1,5 милиони неделно. Навистина сме четврта економија во светот. Навистина сè цвета.

Не кажуваат каде се оние 4,5 милиони неделно од последните 3 недели.

Кај нив сè е фарса.

Граѓани, отворете ги вашите паричници и пронајдете ги тие 1,5 милиони евра што ВМРО ви ги „обезбедило“.

Како што Мицкоски клечеше молејќи за власт, лажејќи дека ќе го смени името, сега не клечи, но исто така лаже.

Додека е оваа тендер коалиција ВМРО-ОКГ/ЗНАМ, регионална сила во нарко шверцот, нема подобар живот за Македонија.

Можеби ќе ве интересира

ОБЈАВЕНИ НЕРАБОТНИТЕ ДЕНОВИ ЗА 2027 ГОДИНА – Пет продолжени викенди, два празника паѓаат во сабота, еве го целосниот список

ДЕСК

УЖАС: СЕМЕЈНА ДРАМА ВО СКОПЈЕ – 22-годишна жена пријавила дека сопругот ја нападнал и им ја зел малолетната ќерка

ДЕСК

ПРИЈАВЕНИ ФИЗИЧКИ НАПАДИ ВО СКОПЈЕ – Нападнат 61-годишен маж, во друг случај две малолетни деца

ДЕСК