7.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИСТОП ВЕСТИ

Владата во клучно време и пред празниците ги замрзна цените на основните прехранбени производи – Се прават анализи за проширување на списокот на производи со намалени цени

Граѓаните се задоволни од последните одлуки на владата да ја замрзне цената на лебот на 33 денари, да се намалат цените на млечните производи и тестенините.

Во клучен момент, пред Велигден и Бајрам, дојде и замрзнувањето на цените на јајцата, чии цени во регионот рушат рекорди и се продаваат за над 20 денари по јајце, во Македонија цената е замрзната на 9 денари од јајце.

Намалена беше и цената на оризот, додека пак брашното се очекува да добие пониска цена во периодот што следува.

Се повеќе се зборува дека можно замрзнување на цените во пресрет на празниците ќе има и на месните производи, за што засега се прават анализи. Ваква одлука би можела да се донесе следната недела.

Владата со серија мерки ја заузда високата инфлација која ја погоди Македонија и Светот. Растот на минималната плата на 20.175 денари и на пензиите за 8.4 отсто допрва ќе покажат позитивни резултати за џебот на граѓаните.

За добрите политики говори и растот на просечната плата, која во јануари изнесувала рекордни 33.943 денари, во споредба со истот месец лани, просечната нето-плата во земјава се зголемила за 13,2 отсто, што е историски едно од највисоките покачувања на просечната плата за една година. Со покачувањето