3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Дали во Молдавија бил планиран атентат врз Бујар Османи?

Министерот за надворешни работи Бујар Османи бил цел на напад за време на својата посета на Молдавија која ја реализираше во својство на претседавач на ОБСЕ, пишуваат медиумите во Молдавија.

Според медиумот “Realitatea“, бил планиран напад врз мисијата на ОБСЕ во Бендер, а експлозијата требала да се случи пред еден месец, на 14 февруари, кога претседавачот на ОБСЕ Османи, беше во посета на регионот.

Во написот медиумот наведува дека Тираспол, главниот град на отцепениот молдавски регион Транснистрија, ја обвинува безбедносната служба на Украина за планирање на нападот. Како што наведува порталот, нападот бил планиран со автомобил во кој бил поставен експлозив. Според тврдењата на самопрогласените власти, возилото требало да биде паркирано во близина на тврдината Бендер.

Како што се наведува во објавата на “Realitatea“, откако била спречена намерата, делегацијата на Османи која броеше околу 20 лица, требало да биде нападната на пат кон градот Кишињев, но извршителот потоа се откажал од идејата за напад на претседавачот на ОБСЕ Османи за да не му го загрози животот.