Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

Тренчевска: Жени пратенички не само од ВМРО ДПМНЕ туку и пратенички од други партии се дел од настанот организиран на 1 март

По повод утрешниот настан организиран од страна на Министерството за труд и социјална политика „Жени во политиката, говор на омраза, сенка која обесхрабруба“, пратенички од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во одредени медиуми реагираа дека ниту една претставничка од опозицијата не била поканета како панелистка на конференцијата. Од Министерството за труд и социјална политика ја демантираа вестта, соопштувајќи дека жени пратенички не само од оваа партија, туку и пратенички од други партии се дел од настанот.

– Во врска со реакцијата на пратеничките на ВМРО ДПМНЕ, сакам да ја информирам јавноста дека жени пратенички не само од оваа партија туку и пратенички од други партии се дел од настанот организиран на 1 март организиран од страна на Министерството за труд и социјална политика, вели министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска за Центар.мк.

– Дел од нив со соодветни пораки за говор против омраза кон жени во политиката учествуваат и во промотивното видео за настанот кое ќе виде прикажано на отворањето на настанот, а кое јавноста ќе има прилика да го види утре.

Останатите пратенички се уредно поканети да присуствуваат на настанот, вели Тренчевска.

Можеби ќе ве интересира

Студени утра, но топли денови: Температурите од – 3 до 20 степени, детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Филипче со конкретни мерки: Намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5%, на акцизата за 4 денари и 0% ДДВ за храната

ДЕСК

Муцунски: Безбедноста на македонските граѓани е наш апсолутен приоритет – евакуацијата од Блискиот Исток се реализира успешно

ДЕСК