Centar.mk
РЕГИОН

ВАШИНГТОН ПОСТАВУВА УСЛОВИ НА ПРИШТИНА: Стратешкиот дијалог зависи од обврските кон Србите

Американскиот Стејт департмент повтори дека почетокот на стратешкиот дијалог со Косово зависи од создавање соодветни услови и исполнување на преземените обврски кон косовските Срби.

Вашингтон не прецизираше кои конкретни чекори ги очекува, но порача дека условите кои претходно биле поставени остануваат на сила.