Centar.mk
СВЕТ

300.000 РАБОТНИЦИ СТАПИЈА ВО ШТРАЈК: Ирска практично запре на еден ден

Повеќе од 300.000 вработени во јавниот сектор во Ирска започнаа 24-часовен штрајк поради спорот со Владата околу платите.
Штрајкот погоди училишта, болници, државна администрација и локални служби, а откажани се и голем број медицински прегледи.

Станува збор за еден од најголемите јавни штрајкови во земјата во последните години.