Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

Македонскиот државен врв, дипломати од целиот свет, експерти, аналитичари и претставници на граѓанското општество на конференцијата „Украина – година на хероизмот“

„Украина – година на хероизмот“ е заедничкиот наслов на големата конференција што се организира утре, 24 февруари, во Домот на АРМ, со почеток во 11 часот, соопшти ЦИВИЛ.

На конференцијата учествуваат Претседателот Стево Пендаровски, Претседателот на Собранието, Талат Џафери, Амбасадорката на Украина, Лариса Дир, Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, министри во македонската влада, амбасадори и дипломати на повеќе земји од Европа, САД и Јапонија, експерти, аналитичари и претставници на граѓанското општество.

Вкупно 26 говорнички и говорници се предвидени во богатата агенда на Конференцијата во организација на невладината организација за човекови права и слободи, ЦИВИЛ – Центар за слобода и Амбасадата на Украина во Република Северна Македонија.

Програмата на настанот предвидува и проекција на краток филм, изложба на фотографии и промоција на книга за херојската борба на Украина.

Датумот на одржување на овој голем настан, 24 февруари, се совпаѓа со почетокот на руската брутална инвазија против Украина пред точно една година.

Изложбата е со фотографии од украинскиот фотограф Едуард Крижанивскиј, додека автор на книгата што се промовира е претседателот на ЦИВИЛ и главен уредник на ЦИВИЛ Медиа, Џабир Дерала.

Настанот ќе биде пренесуван во живо, на онлајн каналите на ЦИВИЛ (Фејсбук и Јутуб).

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК