Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Алијансата за Албанците: Реформи во правосудниот и обвинителскиот систем, реформирање на Академијата

Списокот што го објави Академијата за судии и јавни обвинители уште еднаш го докажува она што постојано го алармиравме како политички субјект и денеска се залагаме итно да го промениме преку системски решенија, велат од оваа партија.

Последните случувања, додаваат од таму, само ја потврдуваат потребата од реализација на нашите определби за реформи во правосудниот и обвинителскиот систем, законот за ветинг, реформирање на Академијата како императив, зголемување на транспарентноста, како и други промени, кои ќе ја оддалечат политиката од правдата и правдата ќе ja врати во служба на законот и граѓаните.

Во наредниот период, како што потенцираат, тоа ќе биде меѓу приоритетите на Алијансата за Албанците, а ги повикуваат и другите општествени и политички фактори сериозно и цврсто да се заложат до целосно осамостојување на правосудниот систем во државата.

Можеби ќе ве интересира

УТРЕ Е НАЈТАЖНИОТ ДЕН ВО ХРИСТИЈАНСТВОТО! Го славиме Велики петок – денот на страдањето на Исус Христос!

ДЕСК

ТЕМПЕРАТУРИТЕ ПАЃААТ ПО НУЛАТА, НАУТРО ЌЕ ИМА МРАЗ: Метеоролозите со четиридневна прогноза – лоши вести за времето

ДЕСК

Масовна тепачка на крстосница близу Кичево: Се удирале со дрвени предмети и ножеви, има повредени

ДЕСК