Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА: Сончево и релативно топло, од -4 наутро до 29 степени преку ден

Утрото ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево и релативно топло. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Минималните температури ќе се движат од -4 до 5 степени. Најстудено ќе биде во источните делови, каде се очекуваат до -4 степени, додека во повеќе места утринските температури ќе бидат меѓу 0 и 5 степени.
Во текот на денот ќе следува значително затоплување. Максималните температури ќе се движат од 21 до 29 степени. Најтопло ќе биде во југоисточните делови, каде температурата ќе достигне 29 степени, додека во централните и јужните подрачја ќе се движи околу 27 степени.
На североисток се очекуваат околу 24 степени, во источните делови до 22, а во западните и југозападните региони дневните температури ќе бидат претежно од 21 до 22 степени.
И денеска ќе биде изразена големата температурна разлика меѓу утрото и попладнето. На места денот ќе започне со температура под нулата, а попладне ќе бидат измерени повеќе од 20 степени.

Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб ветер од јужен правец.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗНЕМИРУВАЛ МАЛОЛЕТНИК ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ, СПОРЕД ПРИЈАВАТА – Полицијата приведе 45-годишен маж

ДЕСК

12-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ПРИЈАВЕНО ЗА ИСЧЕЗНАТО, ПА СЕ ВРАТИЛО ДОМА – Мајката тврди дека малолетник против нејзина волја ја заклучил во автомобил

ДЕСК

ЈА НАПАДНАЛ СОПРУГАТА И Ѝ НАНЕЛ ПОВРЕДИ, СПОРЕД ПОЛИЦИЈАТА – Кривична пријава против 42-годишник од Гостивар

ДЕСК