Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Пендаровски на средба со регионалната директорка на ОН за Европа и Централна Азија, Гви Јеоп Сон

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими регионалната директорка на Обединетите нации за Европа и Централна Азија, Гви Јеоп Сон.

На средбата беше разговарано за политичките случувања во земјата, регионалните иницијативи и соработка, како и за ангажманот на Обединетите нации во регионот.

Пендаровски и Јеоп Сон разменија мислења за политиката на проширување на Европската Унија со земјите од Западен Балкан и за динамиката на пристапните преговори на Северна Македонија. Во таа насока беа потенцирани реформските процеси, значењето на Националната развојна стратегија и МКД 2030, кои беа изработени и се имплементираат со поддршка на Програмата за развој на ОН (УНДП).

Претседателот Пендаровски изрази задоволство од севкупната соработка со агенциите и телата на Обединетите нации во земјата, со цел спроведување на долгорочните развојни приоритети на Северна Македонија, градење на институционалните капацитети и успешна реализација на реформите во повеќе клучни области.

Двајцата соговорници разменија мислења и за последиците предизвикани од руската воена инвазија врз Украина, како и за заканите од лажни вести и пропаганди.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +