Centar.mk
ИЗБОРТЕХНОЛОГИЈА

Маск воведе нова опција за твитерџиите со сино лого

Елон Маск воведе уште една голема промена на „Твитер“. Корисниците на платформата во САД, кои се претплатиле на услугата „Твитер блу“ за автентичност, ќе можат да пишуваат објави што содржат до 4.000 знаци од твит, што е 10 пати повеќе од вообичаено дозволено.

„Потребни ви се повеќе од 280 знаци за да се изразите? Знаеме дека тоа е она што многумина од вас го посакуваат. Колку и да ги сакаме добрите нишки, понекогаш сакате да напишете сè во една објава. Ве разбираме и затоа воведуваме подолги твитови“, објави профилот „Твитер блу“.

Иако корисниците што не се претплатени на „Твитер блу“ не може да објавуваат твитови подолги од 280 знаци, тие може да ги видат објавите на оние што го прават тоа. Тие само треба да кликнат „види повеќе“ за да го видат целиот твит.

Можеби ќе ве интересира

ДИГИТАЛНИОТ СВЕТ НОСИ И НОВИ РИЗИЦИ: Како да препознаете сомнителна порака пред да останете без пари

ДЕСК

МОЖЕ ЛИ НЕКОЈ ДА ГО КОПИРА ВАШИОТ ГЛАС? – Новата измама со вештачка интелигенција може да звучи како вашето дете, сопруг или родител

ДЕСК

GOOGLE ГО ДОБИ ПРВИОТ ОДГОВОР ОД АИ ВО ВСЕЛЕНАТА – Сателит со специјални чипови успешно генерираше текст

ДЕСК