Google соопшти дека неговиот експериментален сателит од проектот Suncatcher успешно го испратил првиот одговор генериран со модел на вештачка интелигенција во орбитата.
Сателитот бил лансиран на 1 октомври, по што следувале неколку недели проверки на системите и компјутерската опрема.
Инженерите испратиле барање до моделот Gemma 4, кој работи на специјализираните процесори на сателитот. Моделот успешно генерирал кратка песна и ја испратил назад до Земјата.
Иако станува збор за едноставна задача, тестот има важно технолошко значење: покажува дека специјализиран хардвер за АИ може да обработува барања во вселенски услови.
Следниот предизвик е да се испита како процесорите функционираат при радијација, температурни промени и ограничено снабдување со електрична енергија.
Google планира понатамошни експерименти со поврзани сателити, но засега проектот е истражувачки прототип, а не комерцијален вселенски податочен центар.


