Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОРвест

Ковачевски: Обновливите извори на енергија поставени во 2022 година може да ги задоволат потребите на шест градови

„Обновливите извори на електрична енергија инсталирани во 2022 година, може да се задоволат потребите на домаќинствата од шест градови од земјава: Охрид, Тетово, Кратово, Крушево, Крива Паланка и Св Николе“ рече премиерот Димитар Ковачевски на годишната конференција „Година на нови можности“.

Тој кажа дека за само една година во државава има изградени нови електроцентрали со над 152 мегавати инсталиран капацитет за производство на струја од обновливи извори, а Регулаторната комисија за енергетика минатата година издаде и 267 дозволи за производство на зелена електрична енергија.

„Овие нови централи што произведуваат струја од сонце, ветер, вода и биогас што се изградени за една година се еднакви со енергетските капацитети кои се граделе со години како ХЕЦ Козјак, ХЕЦ Св Петка и ветерниот парк Богданци. Со капацитетите изградени во 2022 година, може да се покријат потребите на 65.700 домаќинства, со просечна потрошувачка на електрична енергија“ рече Ковачевски.

Премиерот кажа дека вака се придонесува кон намалување на цените на електричната енергија и се отвораат нови работни места за инженери и за кадри од сродни дејности и услуги.

„Најважно од сѐ е сепак тоа што зелената трансформација ќе овозможи на нашата држава национална енергетска независност и ќе ни даде сигурност за предвидлив развој на економијата. Конкретно, до крајот на оваа 2023 година, во македонскиот енергетски систем очекуваме да бидат инсталирани околу 300 мегавати од фотонапонски електрани, преку инвестиции од европските земји“ рече Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира

Забрчанец: Нервозен партиски инфлуенсер во гувернерска фотелја носи голема недоверба кон Народната банка!

ДЕСК

Мицкоски за најавената реконструкција: Pоединци не се вложуваат доволно или пак се однесуваат несоодветно на тоа што треба да се однесуваа

ДЕСК

Мицкоски: Ние сме една од првите влади во Европа која оди со намалување на даноците за бензините, но враќаме и 2.5 милијарди евра стари долгови

ДЕСК