Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Мобилниот тим „Task Force“ при РЦ за ГР Исток пронајде марихуана во возило, од слобода се лишени пет лица

На 20.09.2026 во 22:20 часот на регионалниот пат Струмица-Берово, на место викано Суви Лаки, мобилниот тим „Task Force“ од Регионалниот центар за гранични работи Исток ги лишија од слобода лице(32) од с.Пожаране, општина Врапчиште, лице(37) од с.Муртино, струмичко, лице(31) од с.Воиславци, радовишко, лице(25) од Радовиш и лице(22) од с.Злеово, радовишко.

При контрола на патничко возило „дачија дастер“ со скопски регистарски таблички, во кое се превезувале, била пронајдена и одземена марихуана. Лицата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот Регионалниот центар за гранични работи Исток ќе поднесе соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: И Црна Гора ѝ ја одзеде дозволата за работа на Alta Pay Group, само кај нас Мицкоски и Славески убедуваат дека сè е во ред

ДЕСК

Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува

ДЕСК

НЕОФИЦИЈАЛНО: АРКИН ЈАХИЈИ ПОБЕДИ ВО БРВЕНИЦА – Тесна разлика во вториот круг од изборите

ДЕСК