13.8 C
Скопје
31. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Ковачевски: Дали ќе ги отвориме поглавјата во преговарачкиот процес зависи од нас

„Ние сме во фаза на билатерален скрининг, којшто успешно се одвива и којшто треба да го завршиме оваа година. Дали ќе ги отвориме поглавјата во рамки на преговарачкиот процес е нешто што од нас зависи. Во оваа, 2023 година, ја имаме најголемата шанса досега, да ги забрзаме преговорите и до 2030-та година, објективно и реално, Република Северна Македонија да стане членка на Европската Унија“ рече премиерот Димитар Ковачевски на годишната конференција „Година на нови можности“.

Тој рече дека преговорите се почнати со целосно заштитен македонски јазик, а со тоа и македонски идентитет и тоа е веќе кристално јасно за сите надвор, а рече дека се надева и за сите добронамерни дома.

„Почитувањето, вреднувањето, зајакнувањето и унапредувањето на македонскиот јазик и македонскиот идентитет зависат најмногу од нас самите, тука дома. Нашата историја, традиција и јазик кои сме ги наследиле од нашите предци, и за што е дадена вековна огромна жртва, никој и никогаш не може да го земе. Имаме своја македонска историја, култура, традиција по коишто сме како посебен народ и посебна држава препознаени и признаени во Европа и светот“ рече Ковачевски.