4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ковачевски: Тешко е да се носат разумни одлуки во време на неразумни провокации, но ако се спуштиме на нивно ниво ќе изгубиме

„Тешко е да се носат разумни одлуки во време на неразумни провокации. Но нечие однесување говори за личноста која го применува. Ако го спуштиме нивото, ако подлегнеме на тие провокации, коишто ја имаат оваа цел – ние тогаш сме изгубиле. Сме дозволиле да победат профитерите, популистите, луѓето без вредности, морал и етика. Сме оставиле простор на македонските непријатели“ рече премиерот Димитар Ковачевски на годишната конференција „Година на нови можности“.

Тој додаде дека пред нас е година којашто ќе ја тестира зрелоста на сите политички лидери и пратеници во македонското Собрание.

„Ние сме мултиетничка граѓанска држава, успешна функционална мултиетничка демократија, пример во регионот и во Европа и со тоа што ќе додадеме некоја етничка заедница во Уставот, хрватска, црногорска, бугарска или кој како и да се изјасни дека се чувствува, ништо не губиме“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека во 2023 година очекува нов исчекор во европските интеграции, кој верува дека може да се постигне базирано на фактот што големото мнозинство грааѓни во државата даваат доверба на проевропски политички субјекти.

„И оваа проевропска Влада што ја предводам, ќе продолжи да работи според очекувањата на мнозинството граѓани, а тоа се европски начин на живот дома и интеграција во Европската Унија. Оваа стратешка цел, поставена од независноста на државата и шансите за членство во ЕУ никогаш не биле поголеми и пореални од денес“ рече Ковачевски.