Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

Битиќи: Стимулираме инвестиции со подобро платени работни места, во помалку развиените региони

Растот и развојот на нашата економија за да ги достигне потенцијалите клучно е реструктурирање на нашата економија, а Планот за економски раст е првата нишка која што ние како Влада ја поставивме со развојна компонента, порача на панел дискусијата на годишната конференција на Владата, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

За прв пат, порача тој, ние поддржуваме инвестиции, не правејќи разлика дали тие се домашни или странски, за среднорочни инвестициски циклуси до 5 години, тоа покажува дека оваа Влада е фокусирана на развој на компаниите а не само на раст на БДП како макроекономска категорија.

Битиќи посочи дека во Законот за финансиска поддршка на инвестиции, има посебна компонента која што е фокусирана само на истражување и развој.

„Само така можеме да станеме поконкурентни и да произведуваме производи со повисока додадена вредност. Истовремено со последните промени на законот ги стимулираме компаниите да инвестираат во помалку развиените региони за да се намалат диспаритетите помеѓу нив. Ова е промената што оваа влада ја носи, поддеднаков развој а не само големо исчекорување на еден регион со тоа што ќе замрат останатите

Промена на пристапот на привлекување на странски инвестиции е еден показател кон што работиме – а тоа е економија во која поддржуваме компании и инвестиции кои резултираат со производи со поголема додадена вредност и подобро платени работни места, а не инвестиции со трудоинтензивни, ниско платени работни места“ порача Битиќи.

Можеби ќе ве интересира

Истрага за убиство на свиреп начин во кумановско, се испитува поврзаност и со други случаи

C +

Кузеска: Парите што ги планираа за нов авион Владата да ги пренамени за минимална плата од 600 евра

C +

Тошковски за „Клик Плус“ на ТВ 21: Докажавме дека со системот Безбеден град можеме европска вредноста да реализираме во Македонија, во фаза на имплементација е паметен зелен бран на скопските булевари

C +